Министерството за информатичко општество и администрација
во рамките на проектот „Оцени ја администрација“ преку т.н. уред „Семафор“
поставен на шалтерите во институциите, им овозможи на граѓаните
да дадат оценка на задоволство од работата на шалтерските работници
љубезност, комуникативност, услужливост, квалитет на услугата и слично
(со притискање на едно од трите копчиња на уредот
зелено, жолто, црвено - задоволен, неутрален, незадоволен).
Покрај можноста граѓаните да ја оценуваат работата на администрацијата
директно на шалтерите преку поставените уреди,
Министерството овозможи и електронско гласање со пополнување
на достапниот електронски формулар.

Постапката на гласање преку електронскиот формулар се реализира
со внесување на следните потребни податоци:
- Институција која го процесуира Вашиот предмет
- Архивски број на предметот (со кој е заверен од институцијата)
- Датум на прием на предметот
- Гласање преку избирање на едно од копчињата
(црвено, жолто, зелено - незадоволен, неутрален, задоволен)
- Коментар (доколку имате одреден дополнителен коментар)